Реклама

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Македонија

Во Кавадарци одбележан денот на единствената македонска автохтона сорта грозје „станушина“

Денот на единствената македонска автохтона сорта грозје „станушина“, по петти пат беше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денот на единствената македонска автохтона сорта грозје „станушина“, по петти пат беше одбележан во Кавадарци. Настанот реализиран во Винскиот музеј, беше во организација на здружението „Македонски семејни винарии“.Експерти од областа на автохтони сорти, биодиверзитет, развој на винскиот туризам и агротуризмот, одржаа предавања пред присутни лозари, винари и други гости.

– Станушината е нашето природно богатство, културно наследство – рече Александар Клинчаров од здружението „Македонски семејни винарии“.

Претседателот на здружението, Горан Јаковлевски подвлече дека станушината е наш, македонски белег.

Реклама

– Таа не е само грозје. Не е само вино. Таа е дел од македонската историја, дел од нашиот македонски идентитет – истакна Јаковлевски.

Професор доктор Климе Белески од Земјоделскиот институт, при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, говореше пред присутните за „Станушината во пракса: повеќе квалитет, помалку компромиси“.

-Станушината има долга традиција на одгледување кај нас и претставува единствена македонска автохтона сорта, што се одгледува на овие простори, посебно во тиквешкото виногорје. Таа е многу значајна за националниот лозаровинарски идентитет и секако, зачувување на тој биодиверзитет, од сортите винова лоза. За жал, извесен период беше доста маргинализирана сорта, иако е автохтона сорта. Во последниве десетина години обновен е интересот и тој интерес оди во насока на тој глобален тренд, што оди во насока на валоризација на автохтоните сорти – нагласи Белески.

Здружението додели плакета за заслуги за развој на автохтоната македонска сорта „станушина“ на Душко Андов – винарија „Ерос“.