Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра

Министерството за финансии денеска соопшти дека во целост е исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра. Денеска, извршена е исплата на 327,9 милиони евра (316,3 милиони евра за главнината и 11,6 милиони евра за камата), со што во целост е заокружено сервисирањето на обврската за оваа еврообврзница. Средствата за […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за финансии денеска соопшти дека во целост е исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра. Денеска, извршена е исплата на 327,9 милиони евра (316,3 милиони евра за главнината и 11,6 милиони евра за камата), со што во целост е заокружено сервисирањето на обврската за оваа еврообврзница.

Средствата за сервисирање на оваа обврска, како што информира Министерството за финансии, се обезбедени преку издавањето еврообврзница во текот на јануари 2026 година. Дел, односно 383,7 милиони евра, бил предвремено исплатен во февруари 2026 година, а остатокот од еврообврзницата кон имателите што не прифатиле предвремена исплата во февруари е исплатен денеска.

– Со исплата во износ од 327,9 милиони евра комплетно ја исплативме еврообврзницата од 700 милиони евра издадена во 2020 година. Таа е дел од обврските што како Министерство за финансии редовно и навремено ги сервисираме. Во втората половина од 2024 година, по преземањето на власта, исплативме обврски во износ од 786 милиони евра. Во текот на 2025 година исплатени се 2,198 милијарди евра и во текот на 2026 година 1,571 милијарда евра, што во вкупен износ за целиот овој период изнесува 4,556 милијарди евра – истакнува министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

Реклама

Според Министерството, одлуката за предвремена отплата на еврообврзницата донела заштеди во буџетот од 3,2 милиони евра.  

– Ваквата определба за прудентно управување со јавниот долг ќе продолжи и во наредниот период преку финансирање на потребите на државата навремено и со најнизок можен трошок – се наведува во соопштението од Министерството за финансии.