Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Во Битола се одржа тркалезна маса за „Менталното здравје кај младите“

Здружението Про Локал-Битола во рамки на проектот „Младински политики по мерка на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружението Про Локал-Битола во рамки на проектот „Младински политики по мерка на младите“ одржа тркалезна маса на тема „Менталното здравје кај младите“ и создаде  платформа каде според нив, гласот на младите ќе се слуша, а нивните потреби ќе се претвораат во конкретни решенија и политики.

Младите зборуваат отворено за менталното здравје, а возрасните сеуште не се подготвени да слушнат, посочија од Про Локал Битола.

-Младите денес имаат храброст да зборуваат за своите чувства, стравови и предизвици, но општеството сеуште не создава доволно простор за да ги чуе и уште поважно, да им помогне навремено и сеопфатно. Дискутиравме и за  влијанието на социјалните медиуми, јавната осуда и булингот, како и генерациските разлики во вредностите и начинот на комуникација меѓу младите, наставниците и родителите. Овие појави го обликуваат секојдневието на младите и бараат долгорочен, заеднички и системски пристап што ќе вклучи училишта, семејства и локални институции во координирана акција. Менталното здравје не треба да биде тема за која се молчи, напротив треба да се зборува, дури и кога е полесно да се зборува во трето лице, истакнаа од Про Локал Битола.

Реклама

Во дебатата на тема „Менталното здравје кај младите“ учествуваа директори на средните училишта во Битола со кои Про Локал потпиша меморандум за соработка, психолози, педагози и претставници на Општина Битола.