Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Во Битола промовиран мурал на уметник од Австралија

Амбасадорот на Австралија за Северна Македонија Питер Трасвел заедно со својот домаќин,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадорот на Австралија за Северна Македонија Питер Трасвел заедно со својот домаќин, градоначалникот Тони Коњановски, денеска во Битола промовираа мурал изработен од австралискиот уметник Финтан Мегеј.

Проектот е во рамки на јубилејот, 30 години билатерални односи меѓу Македонија и Австралија и е одраз на пријателските односи меѓу двете земји, истакна амбасадорот Трасвел.

-Овој проект е дело на еден од најдобрите уметници за мурали во Австралија. Муралот во Битола претставува разни симболи карактеристични за Македонија и за Австралија и ги одразува односите меѓу двете земји. Посебно значајно е што оваа година одбележуваме 30 години меѓусебни дипломатски односи, истакна амбасадорот Трасвел.

Реклама

Според градоначалникот Тони Коњановски, поддршката на проектот е многустрана и освен што е потврда за пријателството меѓу двете земји,  е и во функција на разубавување на градот.

-Овој мурал го претставува пријателството и цврстите врски меѓу Македонија и Австралија. Како што е познато ние во Австралија имаме огромна дијаспора која се почесто се враќа во татковината и тоа е добро. Ние го поддржавме овој проект бидејќи го разубавува градот, истакна Коњановски.

Во изјава за медиумите, авторот-уметник Финтан Мегеј посочи дека како сликар работел мурали во Индија, Германија, Исланд, Австрија, САД, а в година и во Романија.

-Сакав да претставам една приказна што ги поврзува Македонија и Австралија. На муралот претставени се најзначајните македонски и австралиски цветови, национални предмети, а ќе ја насликам и познатата Опера Хаус во Сиднеј, истакна уметникот Мегеј и додаде дека работата на зградата во Битола ја вршел без пречки, наспроти работата на објекти кои биле десет пати поголеми.

Муралот се наоѓа во централното градско подрачје во непосредна близија на битолскиот Здравствен дом и Старата битолска чаршија.