Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН, како и од Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, денес во Битола одбележаа годишнина од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада.
Според востановената традиција, пред спомен обележјето на бригадата кое се наоѓа пред битолската пожарна, цвеќе положија делегација на Општина Битола, советници, делегации на здруженија на граѓани и претставници на организаторот.

За 82 годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада и за историјата на бригадата, пригодно обраќање одржа претседателот на дружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, Александар Јаневски, а во уетничкиот дел од програмата, сплет песни и ора од егејот изведоа членови од Ансамблот за фолклор „Гоце Делчев“ од Битола.

