Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Македонија

Акциски план за зелена инфраструктура на Општина Куманово 2027 – 2031 година

Советот на Општина Куманово го усвои Акцискиот план за зелена инфраструктура за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на Општина Куманово го усвои Акцискиот план за зелена инфраструктура за периодот 2027–2031 година, документ изработен во рамки на проект за прекугранична соработка со Општина Ќустендил од Република Бугарија. Директорот на Центарот за развој на Североисточниот плански регион, Младен Протиќ, образлжи дека  Центарот, како проектен партнер на двете општини, ги спроведува таканаречените „меки мерки“ преку програмата ИНТЕРРЕГ за прекугранична соработка. Во рамки на проектот е изработена заедничка стратегија за зелена инфраструктура за прекуграничниот регион, како и предлог-акциски планови за Куманово и Ќустендил, кои по нивното усвојување ќе бидат обединети во еден документ.

-Акцискиот план за Куманово за периодот 2027–2031 година претставува оперативен документ за спроведување на заедничката стратегија за зелена инфраструктура 2026–2036 година. Тој треба да ги преточи регионалните стратешки цели во локални, просторно насочени и временски определени активности. Документот ги утврдува просторните и тематските приоритети за развој на зелената и сино-зелената инфраструктура, мерките и проектните активности што треба да се подготват и реализираат, нивните носители и партнери, механизмите за координација, индикаторите за следење на напредокот, како и можните извори на финансирање. Акцискиот план не ја заменува потребата од соодветна проектна, техничка и еколошка документација – рече Протиќ.

Тој посочи дека спроведувањето на стратешките документи е предизвик и рече дека дел од нивните мерки не се реализираат поради недостиг од финансиски средства, како и поради недоволната координација меѓу институциите што се носители на развојните политики. На предлог на советниците ќе се организира работна група со вклучување на општината, јавните претпријатија, институциите, образовните установи и месните заедници.