Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Македонија

Министерот Андоновски одржа мастер-клас на престижниот париски универзитет „Пантеон-Асас Сорбона“

Во рамките на плодната соработка меѓу Универзитетот „Пантеон-Асас Сорбона 2“ и Интернационалниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на плодната соработка меѓу Универзитетот „Пантеон-Асас Сорбона 2“ и Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ од Скопје, во големиот амфитеатар на парискиот универзитет се одржа свечена академска церемонија, на која специјален гостин беше министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Потпретседателот на Универзитетот, познатиот француски интелектуалец и почесен доктор (Doctor Honoris Causa) на „Еуропа Прима“, Фабрис Д’Алмеида (Fabrice d’Almeida), го претстави македонскиот министер како еден од најбрилијантните министри во Европа, кој со големи чекори ја остварува дигитализацијата во Македонија во сите општествени сфери.

Пред преполниот амфитеатар составен од додипломци, магистранди и докторанди, министерот Андоновски ја изнесе својата визија за Македонија како регионален лидер во доменот на дигитализацијата на јавната администрација, институциите, економијата, образованието, аудиовизуелната меморија и културното наследство. Тој компаративно ги презентира европските искуства што се применуваат со цел да се оствари дигиталната трансформација на македонското општество – процес што ги опфаќа секојдневните потреби на граѓаните, но и колективната меморија и заштитата на националниот идентитет. Министерот нагласи дека преку ваквиот пристап Македонија ги поврзува минатото, сегашноста и иднината претставувајќи се пред европската и светската сцена како земја што ги следи меѓународните стандарди, честопати и со поголема динамика од некои земји членки на ЕУ, со јасна перспектива за идно полноправно членство во Европската Унија.

Реклама

По неговото излагање се разви широка дебата во која учествуваа голем број студенти и професори. Тие ја оценија визијата на министерот како исклучително оригинална и поттикнувачка за вклучување на високото образование во нови научноистражувачки проекти, кои ќе ги поврзат француските и македонските истражувачи во заеднички комплементарни цели – во духот на мислата на таткото на Европа, Жан Моне, дека „Европа е нашиот заеднички дом“.

На свечената церемонија се обрати и претседателот на „Еуропа Прима“ Јордан Плевнеш, кој го истакна значењето на мастер-класот на министерот Андоновски во продлабочувањето на соработката меѓу македонскиот и францускиот универзитет како пример преку кој се афирмира долгогодишната поврзаност меѓу Франција и Македонија во сите области. Настанот го поздрави и амбасадорот на Македонија во Франција и при УНЕСКО Игор Николов изразувајќи воодушевување од успехот на овој високообразовен мост меѓу двете земји.

Посебен белег на академската церемонија даде и доделувањето на престижната награда „Фредерик Росиф 2026“ (Frédéric Rossif), која му беше врачена на легендарниот француски документарист Бертран Деле (Bertrand Delais), автор чии филмови од областа на политичката историја на Европа и светот ја одбележаа модерната епоха. Наградата традиционално се доделува во рамките на Фестивалот на Југоисточна Европа (SEE Film Festival) во Париз, Берлин и Вашингтон, кој „Еуропа Прима“ го организира веќе 16 години во соработка со повеќе универзитети афирмирајќи ги кинематографиите од регионот и отворајќи простор за младите синеасти во овие три светски метрополи.

Заблагодарувајќи се за признанието, лауреатот Бертран Деле истакна дека Фредерик Росиф е трајна инспирација за сите документаристи во светот и порача дека овој фестивал потврдува оти „Балканот е срцето на Европа“, цитирајќи го познатиот швајцарски писател Никола Бувие.

На крајот од овој свечен универзитетски чин, на министерот Стефан Андоновски му беше врачена академската повелба за извонредност. Примајќи го признанието, министерот изрази благодарност и посака да продолжат ваквите значајни поврзувања меѓу Франција и Македонија во сите сфери на општественото живеење во идната обединета Европа без граници.