Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Во Берово одбележан Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април

Под мотото „Живи идеи – ромска приказна во акција“, денеска во Берово…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под мотото „Живи идеи – ромска приказна во акција“, денеска во Берово беше одбележан 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, во организација на Младинска организација РРОМА, во соработка со Општина Берово.

На настанот присутните ги поздрави секретарот на Општина Берово, Анита Рунтевски, која истакна дека преку љубов, почит и заедништво треба да се продолжи со градење на инклузивно општество за сите граѓани.

Свое обраќање по повод Меѓународниот ден на Ромите имаше и претседателот на Советот на Општина Берово, Владко Шахпаски, кој упати честитки и пораки за поголема еднаквост и поддршка на ромската заедница.

Реклама

Во рамки на програмата, Општина Берово додели парични награди на ученици од ромска националност кои постигнале најдобри резултати во учебната 2025/2026 година. Наградени беа ученичката Медине Асанова од основното образование и ученичката Хадиса Демировска од средното образование.

-Присутните имаа можност да проследат кратко инспиративно видео, како и да учествуваат во интерактивна работилница заедно со ученици и претставници на институциите. Настанот беше збогатен и со повеќе креативни презентации, реализирани преку театарски изведби, интервјуа и симулации на телевизиски вести – информираа од Општина Берово.

Со пораката „Заедно градиме општество на почит, различност и заедништво“, одбележувањето на Денот на Ромите во Берово испрати силен апел за инклузија и еднакви можности за сите.