Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ го исцицаа народот, нивниот луксуз граѓаните го плаќаат со последниот денар

СДСМ преку РКЕ удира по џебот на граѓаните. Чекаа да поминат изборите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ преку РКЕ удира по џебот на граѓаните. Чекаа да поминат изборите па да ја донесат одлуката, која ја одлагаа од почетокот на јули, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ уште пред изборите тргнаа со умисла да го ограбуваат народот. Во цела Европа цената на струјата се намалува, само во Македонија со Заев се зголемува. За жал наместо РКЕ да се грижи сите играчи на пазарот да бидат заштитени и рамноправни меѓу себе, како што стои во Законот за енергетика, таа се грижи само за профитот на енергетските компании. Ова резултираше со незадоволство кај граѓаните. Револтот е јасен во време на корона криза, економски колапс во најава, зголемено задолжување и осиромашување на народот, оваа одлука е само капак на сите промашувања во енергетскиот сектор го направи власта на Заев. Затоа на самопрогласените „шампиони“ во енергетиката им порачуваме: Енергетиката не се гради преку ноќ, но може лесно да се уништи преку ноќ, а за жал РКЕ и СДСМ се „експерти“ во уништување, пишува во партиското соопштение.