Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Задачата на Жерновски – да го пере бугарскиот наратив, да се препродава за фотеља и да го урива македонскиот идентитет

Откако беше исплакнат од политиката и откако доживеа политички крах во секој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откако беше исплакнат од политиката и откако доживеа политички крах во секој обид што го имаше: од обидите за градоначалничка фотелја, до карикатуралните улоги по дипломатските ходници Андреј Жерновски денеска повторно се јави. Не затоа што народот го бара, туку затоа што задачата стигнала, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува реакцијата на партијата за ставовите на Жерновски:

Како што секој послушен соработник ја извршува дадената задача, така и тој, ревносно и дисциплинирано, повторно влезе во бугарскиот наратив за Македонија. Можеби и не му е тешко! Мисли дека му оди од рака! Не е никаква тајна чие внуче е, ниту кој бил неговиот дедо, буграскиот кмет на Бугарите во Македонија.

Реклама

Во таа насока, како ВМРО-ДПМНЕ би сакале да поставиме неколку прашања до Жерновски:

1. Како точно се изјаснил неговиот дедо кога станал кмет: како Македонец или како Бугарин?

2. Дали е точно дека фамилијата Жерновски се води во бугарските архиви како пријателска и соработничка структура на Бугарија во Македонија?

3. Дали е точно дека на семејните веселби на малиот Андреј, во времето кога растел, се пееле песни како „Минаха години“ и „Целувките на Ана“ и како ги доживува тие песни денес?

4. Кога веќе глуми дека Србите му се поблиски од Бугарите, дали тоа го прави по налог за превласт во СДС, каде очигледно веќе ги мести чекорите да му ја преземе позицијата на Филипче?

5. Дали неговите и менторите на Филипче се веќе во внатрешен конфликт во служби на Бугарија и дали тоа е причината за актуелната медиумска борба?

6. Што мисли за богатството на Венко Филипче и за наводните зделки со рекетирање, при што парите завршувале на сметки на бугарски фирми блиски до Зоран Заев?

7. Дали го одобрува ова, и ако не, зошто молчи?

8. И најважното: дали уште му трепери душичката кога ќе ја слушне песната „Еделвајс“, како што наводно признал пред блиски пријатели?

ВМРО-ДПМНЕ нема да молчи кога некој, со испран и уличарски однос, ќе се обиде да ја валка македонската историја, да ги релативизира нашите херои и да ја претвори Македонија во поле за геополитички бизниси на странски центри.

Одговорот е јасен – не ви успева!

Македонскиот народ веќе ве препозна. А политичката кариера на Жерновски ќе остане како трагикомичен пример за тоа како не се гради доверба, ниту иднина, особено кога си човек без кичма, без став и без достоинство, велат од владејачката партија.