Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: За пожарот во модуларната болница во Тетово Филипче не беше повикан ни на разговор во обвинителството

 Долгогодишните коалициски партнери СДСM и ДУИ, додека заедно владееја, судовите ги наполнија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Долгогодишните коалициски партнери СДСM и ДУИ, додека заедно владееја, судовите ги наполнија со свои луѓе од доверба, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

И овие луѓе избрани во штабовите во Струмица и Зајас во судството го спасија Венко Филипче од одговорност за пожарот во модуларната болница.

Филипче како министер за здравство ја потпишал спецификацијата за модуларната болница во Тетово и тој е директно одговорен за смртта на 14 луѓе.

Реклама

Затоа што правеше анекси на договори за да ќари 20% повеќе пари, живи изгореа 14 луѓе во модуларната болница во Тетово, а за тоа не беше повикан ни на разговор во обвинителството.

Ако нашето судство и обвинителство не беше во скутот на Заев и Ахмети, Филипче до сега ќе беше зад решетки, всушност како во секоја држава со независни судско обвинителски органи.

Но, сепак, ние сме во Македонија, каде што судиите со 2% доверба од граѓаните мораа да ги оправдаат нивните назначувања и да го спасат од одговорност Филипче.

За да не лежи и кривично одговара Венко Филипче, лежат странични ликови во здравството, како тогашните директори на болницата Етеми и Бесими. Но, и тие, исто така, не смееше да бидат осудени со реални казни, за да не пропеат и го издадат нивниот шеф, па добија по само година и пол затвор.

Судиите и обвинителите заробени во канџите на Заев и Ахмети, за пожар во болница каде што живи горат 14 луѓе, доделија вкупно 3 години затвор на директорите, а за Филипче станаа неми, слепи и глуви.

Релацијата на одредени судии и обвинители кои сè уште работат по насока на СДСM и ДУИ, ги оставија криминалците по улиците, а народот без правда.

Со овие судии и обвинители не може да се очекува независно судство и обвинителство.

Потребни се итни реформи за конечно во државата да дојде вистинска правда и одговорност.

Затоа време е да се направи Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!