Реклама

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Во време на СДСМ пропадна Еуростандард, а нивната министерка 5 дена порано ги извади своите пари додека тие на граѓаните отидоа заедно со банката

Банкарскиот систем во Македонија е стабилен, надлежните институции ги преземаат сите неопходни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Банкарскиот систем во Македонија е стабилен, надлежните институции ги преземаат сите неопходни мерки за заштита на штедачите, инвеститорите, граѓаните. Заврши времето на СДСM кога пропаѓаа банки, како Еуростандард банка, а најодговорните наместо да ги штитат интересите и парите на граѓаните, работеа за сопствени интереси, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Таков е примерот на тогашната министерка за финансии од редовите на СДСM, Нина Ангеловска која требаше да го штити капиталот на граѓаните, штедачите и инвеститорите, гледаше да си ги спаси само своите пари.

Така, располагајќи со информации кои и го дозволуваше позицијата министер за финансии, Ангеловска неколку дена пред да пропадне Еуростандард банка во 2020 година, си ги повлече своите 250 илјади евра, додека заштедите на граѓаните пропаднаа заедно со банката.

Реклама

И да не заборавиме како банката дојде до неликвидна ситуација. Долго време на компании одобрувала ризични кредити без соодветно покритие, меѓу кои и 29 струмички меѓу кои имало и фирми блиски до Заеви. Дел од нив освен што зеле кредити без соодветно покритие, истите и не ни ги враќале на банката.

Сето ова се случувало додека СДСM беше на власт и нормално не реагираа навреме и не ги заштитија парите на граѓаните, затоа најголем интерес од тоа имаа фирмите на Заеви и на лица блиски до нив.

Но затоа пак, Нина Ангеловска своите пари си ги спаси.

Сега државата и надлежните институции се на страна на граѓаните, преземаат соодветни мерки и се грижат за нивниот интерес, а не како во време на СДСM кога пропаѓаа банки, а оние кои треба да го штитат јавниот интерес и парите на граѓаните, како министрите за финансии пет дена пред банката да оди во стечај да ги вадат своите пари.