Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на реализација на инфраструктурни проекти со цел модернизација на државата

По 7 годишна стагнација, Македонија почна да развива, модернизира и трансформира, се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По 7 годишна стагнација, Македонија почна да развива, модернизира и трансформира, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

За период од една година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа како со посветена и чесна работа се градат темелите и државата инфраструктурно се транформира и модернизира. Се започнаа и се завршуваат големи инфраструктурни проекти. Пуштен е во употреба дел од автопатот Кичево – Охрид. Делницата Пресека-Песочани, ќе се вози по нов автопат. По години на застој, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да го откочи еден од најголемите и најзаглавени инфраструктурни проекти. Ова ќе значи и повеќе туристи, повеќе работни места, а автопатот ќе го позиционира Охрид како попривлечна и постабилна дестинација за туристи. Ова е 6-та делница која што е пуштена во употреба. Пуштени се во употреба делницата Градско-Фариш, Фариш -Дреново, пуштен е во употреба Страцин -Крива Паланка, Гевгелија- Валандово, Охрид -Свети Наум. Се пушти во употреба дел од експресниот пат Градско- Прилеп, на потегот Градско- Дреново, вреден 37,4 милиони евра. Експресниот пат Дреново- Фариш, кој значително го скратува патувањето и го зголемува квалитетот на сообраќајната безбедност. Експресниот пат Ранковце- Крива Паланка (потег Страцин), во должина од 26 километри и вредност од речиси 98 милиони евра. Целосно се реконструира регионалниот пат Охрид- Свети Наум, во должина од 25 километри, вреден 12 милиони евра, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со упорност, посветеност и заедничка работа, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги реализира и најкомплексните проекти. Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија, додаваат од владејачката партија.