Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче е најголем застапник на бугарските позиции во Македонија

Филипче да каже дали е дел од мрежата на бугарските мисии во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче да каже дали е дел од мрежата на бугарските мисии во Скопје за кои говори Петрова Чамова? Венко Филипче е најгласен во одбрана на бугарските позиции во Македонија, Филипче отворено ги промовира бугарските позиции и има ист став по однос на Уставните измени со бугарските власти, предводени од Румен Радев, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче и СДСМ немаат против да бидеме „северномакедонци’’. За Филиче и СДСМ не е проблем да ја туркаат тезата дека Македонија мора да прифаќа секакви условувања за да добие европска перспектива.

За Филипче и СДСМ  не е проблем народот да биде нарекуван „северномакедонски“, ниту пак имаат проблем со бришењето на националните обележја, само за да дојдат до власт.

Реклама

СДСМ, Филипче и Заев повторно нудат распродажба на Македонија за личен спас, наместо да ги бранат македонските интереси Филипче повикува на обединување за промена на Устав со цел внесување на Бугарите.

Со што е толку уценет и исплашен Филипче од бугарски политичари па ги шири и спроведува нивните политики во Македонија.

Државата не смее да биде жртва на сервилните политики на СДСМ. Македонскиот народ нема да дозволи нови понижувања, нови бланко договори и ново распродавање на идентитетот. Државните и националните интереси мора да бидат над политичките калкулации на СДСМ и нивното криминално наследство.