Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Судијата Катевеновски бил разрешен од функција затоа што не ги исполнил нарачките на Заев, СДСМ и ДУИ за политички прогон на поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ

Секојдневно пред очите на целокупната јавност излегуваат сведоштва за злоупотреба на институциите,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секојдневно пред очите на целокупната јавност излегуваат сведоштва за злоупотреба на институциите, притисоци и уцените за време на владеењето на СДСМ и ДУИ.

Власта на СДСМ беше одбележана по бруталните политички монтирани случаи, спроведени преку Русковска обвинителството и Кацарска судството, кои наместо по правото, гонеа и судеа според наредбите на Заев, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица носеле одлуки по нарачка на Заев и Ахмети а тие кои одбивале да бидат послушници биле разрешувани од функциите.

Реклама

Поранешниот судија на Врховниот суд, Ристо Катевеновски, во интервју посочи дека бил разрешен откако одбил да даде позитивно мислење за предмет поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Катевеновски вели дека во 2019 година, го добил случајот од поранешното СЈО, за кој требал да даде мислење, но како што вели тој немало никаква правна можност, ниту пак некакво кривично дело за да даде позитивно мислење за случајот.

Според Катевеновски, за конкретниот случај не постоела правна основа за поинакво постапување, а одлуката за негово разрешување следувала непосредно по неговото одбивање.

Овие тврдења сериозно ја доведуваат во прашање независноста на судството во период на владеењето на СДСМ и ДУИ. Имало системски притисоци врз носители на правосудни функции и злоупотреба на институциите за политички цели.

Судиите и обвинителите послушници на Заев и Ахмети се виновни за довербата во судството од само 2 проценти.

Неопходни се реформите во правосудството како клучен предуслов за враќање на довербата на граѓаните, обезбедување владеење на правото и гарантирање еднаквост пред законите.

Во услови кога има сериозни обвинувања за политички притисоци и селективна правда од страна на поранешната власт на СДСМ и ДУИ неопходен е сеопфатен и суштински реформски процес. 

Одговорност мора да има.