Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ со остри критики кон Венко Филипче: „Живее во паралелен универзум“

Навистина сме загрижени за здравјето на Венко Филипче човекот скроз забега, му…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Навистина сме загрижени за здравјето на Венко Филипче човекот скроз забега, му посакуваме да оздрави побрзо и да престане да живее во паралелен универзум.

ВМРО-ДПМНЕ е навистина загрижено за здравјето на Венко Филипче. По денешната прес-конференција, увидовме дека човекот живее во некој сопствен универзум, во кој само тој си верува, се наведува во реакцијата од партијата.

Филипче денес на прес-конференцијата говореше за случај во соседна држава, со кој ние и како држава и како политичка партија немаме никаква поврзаност. Ова го докажува моментот дека господиниот Филипче забегал со своите ставови.

Реклама

Филипче постави прашање за непостоечка тема, т.е. дали во Македонија ќе има мигранти, на чие прашање, одговор доби и од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение, и дополнително секојдневно на прес-конференции одговараме дека мигранти во Македонија нема да има. Сепак, господинот Филипче денес пак праша дали ќе има мигранти? Се чудиме дали воопшто стигнува до него нашиот одговор, ама еве пак да му кажеме, мигранти нема да има.

Филипче прашува дали ќе потпишеме резолуција која СДСМ ќе ја предложи за непостоечката тема мигранти? Господине Филипче, прво таква резолуција колку што знаеме немате подготвено, ниту пак доставено, и со тоа не можеме да потпишеме ништо. Второ, треба да се види резолуцијата што пишува внатре, можеби ќе пишува изградба на мигрантски камп како во 2018, кога токму Филипче гласал за изградба на ваков камп.

Филипче говори за синоќешниот упад во една новинарска редакција, за која ние како ВМРО-ДПМНЕ веднаш го осудивме тој чин и отфрламе било какви поврзаности со тој случај.

Да сумираме, му посакуваме на Филипче побрзо да се смири и да оздрави, ваквите размислувања кои ги има и ги пласира во јавноста, кои се лажни и невистинити, му штетат на здравјето. Нека си поднесе оставка, нека се оттргне криминалот од СДСМ, со тоа што луѓе како него, Спасовски, Николовски, Бисера, ќе си одат од партијата.