Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Се развива спортската инфраструктура во државата, преку двата повици за општините од Буџетот одвоени 720 милиони денари за 36 спортски објекти

За спорот да се издигне на едно европско и посакувано ниво и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За спорот да се издигне на едно европско и посакувано ниво и спортистите да бележат високи резултати, првенствено, треба да имаат соодветни, современи и модерни услови за нивниот развој, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Спортот не е област каде што резултатите можат да се видат на краток рок, со носење на еднократни ад хок решенија.

Спортот е област која бара системски пристап и добро испланирана стратегија за развој, со сериозни вложувања во инфраструктурата за спортистите да имаат соодветни услови каде ќе тренираат и развиваат.

Реклама

Во ова насока, Владата во соработка со општините, посветено работи за подобрување на спортската инфраструктура. 

За таа цел, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од државниот Буџет одвои 720 милиони денари за 36 спортски објекти. Интензивно се работи на завршување на сите проекти коишто во минатото беа отпочнати па заборавени, како што се базените и спортски сали. 

Исто така, ќе се интервенира и во сите спортски објекти каде што ќе биде констатирано дека е потребно реконструирање и модернизација на условите. 

Преку двата јавни повици што ги објави Министерството за локална самоуправа, одвоени се повеќе од половина милијарда денари за инвестирање во спортска инфраструктура во општините. 

Вкупно 36 спортски објекти се опфатени од првиот и вториот повик за општините, каде вкупната инвестициска вредност надминува 720 милиони денари.

Пред три недели во употреба се пушти целосно новиот затворен базен во Кисела Вода во рамките на ООУ „Невена Георгиева-Дуња“, а до крајот на летото ќе бидат пуштени во употреба уште четири вакви базени.

Исто така, пред неколку дена пуштена во употреба беше новата сала во ОУ „Наум Охридски“ во Булачани, а до крајот на година ќе бидат пуштени во употреба уште три целосно нови спортски сали.

Паралелно на изградбата на новата спортска инфраструктура, продолжува реконструирањето на постоечките спортски објекти.