Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ со својата политика на сервилност и служба на бугарската агенда ја доведе државата до негирање од страна на Бугарија

„СДСМ и Филипче се најголемиот поборник на бугарските агенции и бугарските интереси…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„СДСМ и Филипче се најголемиот поборник на бугарските агенции и бугарските интереси во државата. Филипче е континуитет на погубни предавнички политики на Заев, Османи, Пендаровски, Маричиќ.

Филипче продолжува да ја игра улогата на Заев мислејќи дека ќе дојде на власт доколку прифати се и се стави на располагање на туѓи агенди и земји, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Последиците од политиките на виткање кичма денес се јасно видливи а штетите кои ги нанесе СДСМ за македонските национални интереси се катастрофални.

Реклама

Поданичката политика исполнета со сервилност од страна на СДСМ ја доведе Македонија во понижувачка позиција каде Бугарија отворено ја негира македонската нација, македонскиот јазик и идентитет.

Работите кои до неодамна беа незамисливи дури и за најрадикалните кругови во бугарската политика поради апсурдноста и понизноста на Заев и Филипче во нивното политичко дејствување денес станаа реалност.

Филипче и СДСМ ги распродаваат македонските национални интереси, и се ставаат во служба на бугарските агенции и интереси само поради власт, милионски профити и зделки.

СДСМ и Филипче немаат црвени линии во однос на националните интереси и се повеќе наликуваат на бугарска филијала. Сомнежот е дека позади сите овие операции стои голема источна земја спонзор која е пријател и има силно влијание и во Бугарија.

ВМРО-ДПМНЕ ги препозна и ги демаскира ваквите хибридни операции навремено, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со заштита на националните интереси и достоинството на граѓаните.“