Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ, Шукова и Заев во 2020 година го лажеа народот дека ќе го решат проблемот со Вардариште,  резултатите се нула, а ветувањата исти

Во 2020 година СДСМ Шукова и Заев во предизборната кампања ветуваа решавање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во 2020 година СДСМ Шукова и Заев во предизборната кампања ветуваа решавање на проблемот со депонијата Вардариште.

Тоа ветување беше официјално запишано и во нивната програма насловена „Можеме’’ за парламентарните избори во 2020 година на стрaна 228 каде што стои „Ќе помогнеме за итна ремидијација на поголем дел од дивите депонии, со приоритет на депонијата во Вардариште како и расчистување и рекултивација на локации со несоодветно отстранет отпад во урбаните и руралните подрачја.’’  Ова е уште едно лажно предизборно ветување на СДСМ и Шукова.

Истата таа програма на СДСМ го наведува и износот од 42 милиони евра како финансиско портфолио за реализација на проектот.

Реклама

Каде завршија тие 42 милиони евра?

Зошто СДСМ, Шукова четири години го влечеа истиот проблем без никаква реализација?

Зошто ги лажеа граѓаните на Скопје дека ќе го решат проблемот со Вардариште?

Како Шукова и СДСМ имаат доблест повторно истото да го ветуваат пред граѓаните, овој пат Шукова само од позиција како кандидат за градоначалник на Скопје?

Ова е класичен пример на манипулација и лажење на јавноста. Ова е доказ дека СДСМ многу ветува а ништо не исполнува.

СДСМ да не го потценува народот, СДСМ треба да знае дека 2 пати истите лаги не поминуваат, граѓаните знаат кој работи за нивно добро.

ВМРО-ДПМНЕ има програма и план за решавање на проблемите на граѓаните, почиста животна средина, почист воздух и поквалитетен живот за сите граѓани.