Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM прави стратешки грешки кои ја потврдуваат нивната инволвираност во следењето на Мицкоски

Им благодариме на колегите на СДСM за денешната прес-конференција. Нивното однесување сега…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Им благодариме на колегите на СДСM за денешната прес-конференција. Нивното однесување сега е како зајак кога ќе застане и ќе се скамени пред рефлектори на кола која забрзано оди кон него да ја удри, а колата ја возат нивните луѓе и нивните прљави структури кои одработувале за нив и за кои се плашат дека сега ќе пропеат. Така СДСM, станувајќи смрзнат зајак, почнува да прави суштински стратешки грешки со кои од ден на ден ја докажуваат и потврдуваат инволвираноста на таа партија, нивното лидерство старо и дел од сегашните структури кои работат за нив во целиот овој скандал, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

1.Ако следеле заради делчевски ниви, како СДСM го знае тоа или си измислуваат сега изговори?

2. Ако следеле за делчевски ниви, а Мицкоски не е уапсен ниту дел од таа постапка, значи дека и покрај тоа што е следен, СДСM знаеле дека нема врска со тој случај, но сепак го користеле како изговор да биде следен случај кој, патем кажано, самото Обвинителство под нивна контрола го повлече заради недостаток на докази и немање на случај.

Реклама

3.Ако Мицкоски е следен заради било што поврзано со било кој случај, самиот факт што не е уапсен е доказ дека сè што зборуваа од СДСM е лага и им благодариме што открија дека и самите знаеле што е вистина дека Мицкоски нема никаква компромитација ниту бил дел од било што нечесно било кога. Уште еднаш, ви благодариме. И конечно, тоа што самите бараат изговори да оправдаат следење на опозицијата (откако веќе докажано знаеле дека нема никаков случај против него и е чист како солза) е само по себе доказ дека се инволвирани и дека нивни структури свесно го правеле ова.

4.ВМРО-ДПМНЕ го повикува обвинителот да не се крие, да се одважи и да излезе да одговори дали ова што го кажува СДСM е точно, каква е неговата инволвираност во случајот со следењето, дали презема нешто да го расчисти овој случај или ќе се крие и ќе продолжи да одработува за тие за кои работел цело време. И како ќе го оправда следењето на опозицијата? Исто така, го повикуваме обвинителот да одговори дали следењето на Мицкоски било зашто имало сомневање за криминал, каков криминал и со кои аргументи и докази имало такви индиции? Исто така, го повикуваме обвинителот да каже дали СДСM се чесни, дали нивните функционери во минатата влада се чесни и зошто година и пол не покренува ниту еден случај против нив, и покрај купишта докази и допрени гласови од официјални органи и јавноста? Дали Обвинителството е заштитникот на СДСM и на криминалот во земјата???

Уште еднаш, со огромна благодарност кон СДСM, изразуваме чудење за плиткоста на овие прес-конференции, необмислените напади и ова нивно копрцање и претaње како давеник кој бара сламка. Нема сламка. Сите до еден ќе одговарате. А за брзо време нема ни Обвинителството да може да ве штити. Доаѓаат времиња на правдата во Македонија. Доаѓаат времиња на ресетирање на трулиот систем и финална пресметка со мафијата која не познава ни партии, ни етничка, ни верска припадност. Доаѓаат времиња на расчистување со криминалот и правдата ќе дојде бидете сигурни, иако очигледно, заради спрегата на мафијашите со Обвинителството, касни малку сепак ве уверуваме дека ќе тропне кај сите што се огрешиле.