Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не може да разбере дека сега се носат закони со кои се реформираат институциите во кои се вреднува професионализмот

Заевизмот во СДСМ е начин на делување. Во ова раководство на СДСМ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заевизмот во СДСМ е начин на делување. Во ова раководство на СДСМ се сите деца на Зоран Заев. Сите до еден, од прв до последен, се до Венко Филипче кој му го држи претседателското столче во партија, се лица од втор и трет ешалон од владеењето на Заев. Тоа се лица кои јавно признаваат дека сè уште се воодушевуваат на Зоран Заев, веллат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ на чело со Венко Филипче и ова партиско раководство не се дистанцираа, ниту пак се оградија од погубните и предавнички политики на Заев. И сега ова раководство на СДСМ под сенката на Заев не може да разбере како е да работи и делува автентично во заштита на интересите на граѓаните и државата. Не знаат како е да се работи и да се носат закони за реформи и професиоанализација на институциите. Па така, на ова СДСМ, длабоко заробено под влијанието за Заев, му сметат измените на Законот за полиција за што критикуваат и манипулираат без основа. Во време на власт на СДСМ, професионалците во МВР биле угнетувани, а во министерството царувале криминалците. Но, со измените на овој закон се дефинираат професионални и специфични критериуми за директорот на БЈБ, со искуство исклучиво во полициските работи, велат од владејачката партија.

Согласно безбедносните и територијалните потреби, се отвораат нови полициски станици во Сарај и Илинден.

Реклама

-Исто така, се усогласува внатрешната организација и нормативното уредување со новиот концепт на управување во полицијата. Значи, со новиот закон МВР се отвора за професионалците и се оневозможува шиканирањето на професионалците, како во времето на Оливер Спасовски, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.