Реклама

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ се сламката за спасот на Коцевски, за тој да продолжи да им го спасува и штити криминалот

СДСМ со последни сили се бори да си ги спаси од одговорност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ со последни сили се бори да си ги спаси од одговорност криминалците во своите редови.

И во оваа борба е во соработка со нивниот некогашен владин коалиционен партнер, а сега опозиционен партнер, ДУИ. Вчера здружно застанаа на браникот да го спасат Љупчо Коцевски, на кого веќе му е изгласана интерпелација во македонското Собрание, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Сега на сите ни е јасно, зошто никој од СДСМ и ДУИ не е во затвор по обвинение на Основното јавно обвинителство. Затоа што Љупчо Коцевски, како прв човек на обвинителството, наместо да го гони сторениот организиран криминал и корупција од лица на СДСМ и ДУИ, тој се стави во нивна заштита, потенцираат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Реклама

„Сламката на спасот за Коцевски е СДСМ и ДУИ, за после тој да продолжи да им ги спасува и штити криминалот.

Со вчерашното собраниско гласање, односно негласањето на СДСМ и ДУИ за интерпелацијата на Коцевски, станаа јасни и други работи.

Сега веќе е јасно кој ја мати водата за трагедијата во Кочани. Истите оние кои претпладнето правеа пресови за Кочани, не беа задоволни од истрагата и обвинуваа за селективност, сега сметаат дека Коцевски добро си ја работел работата.

ДУИ и СДСМ се штитникот на Коцевски. Така тие си го штитат криминалот на Венко Филипче и Зоран Заев, исто како и на Али Ахмети.

Затоа и покрај јавно објавените индиции и докази за вмешаност во криминал и корупција на Филипче, Заев, на скоро цела фамилија на Амети, нема никаква истрага или постапка од обвинителството.

Сите се се уште на слобода, без никакви кривични пријави, да си ги шират бизнисите од криминално стекнатите пари“, додаваат од владејачката партија.

На Македонија и треба независно и непристрасно Јавно обвинителство, отпорно на политичко влијание, кое ќе ги гони сторителите на криминал и корупција, а не обвинителство во служба и заштита на криминалот и криминалците од СДСМ и ДУИ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.