Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM и ДУИ на Давидовиќ Дака му продале државни објекти кај ШИК Јелак во Тетово за четири пати пониска цена од проценетата вредност

Изградбата на милионска бетонска џунгла на контроверзниот бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградбата на милионска бетонска џунгла на контроверзниот бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака во Тетово, од која, најверојатно, СДСM и ДУИ требаше да лапнат дел од колачот, ја спречи отпорот на ВМРО-ДПМНЕ. На прорускиот бизнисмен Давидовиќ – Дака, кој е на црната листа на САД, на местото на поранешниот гигант ШИК Јелак во Тетово, Заев и Ахмети му договорија да гради две илјади станбени единици, деловни простории и трговски центри, во вредност која надминуваше над 200 милиони евра со измена на ДУП, ден после формирањето на старо новата влада на СДСM и ДУИ, се вели во соопштенито од ВМРО-ДПМНЕ.

А, претходно, фирмата на Давидовиќ Дака, „Јелак Градба“ го купува поранешниот индустриски гигант ШИК Јелак, кој СДСM и ДУИ овој државен имот му го обезбедиле по багателна цена. Дури за четири пати пониска од тогаш проценета вредност од стечајната постапка.

Па така, објект од 198 метри квадратни на Фондот за здравствено осигурување, кој бил проценет на 122 илјади евра, на Дака бил продаден за само 34 илјади евра, додека друг објект на фондот од 2359 квадрати, проценет на речиси милион и пол евра, продаден за 400 илјади.

Реклама

Додека пак, објект од 5021 метар квадратен во сопственост на Министерството за финансии, иако бил проценет на над 3 милион евра, Дака станал сопственик само за околу 730 илјади евра.

Сопственост на објект имала и Агенцијата за вработување и тоа во површина од 165 квадрати, за кој наплатила околу 24 илјади евра, иако истиот вредел 100 илјади.

Тоа што вреди да ја потсетиме јавноста е следново. За да не дојде до планираната бетонска џунгла во Тетово одобрена од СДСM и ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ го блокираше овој криминален проект на Дака.

Едно е сигурно, ВМРО-ДПМНЕ секогаш работело во интерес државата на граѓаните, додека СДСM и ДУИ работат исклучиво во интерес на бизнисите, тендерите и процентите.

Затоа и се таму каде што се, безидејни, во длабока опозиција и без поддршка од граѓаните.