Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ ја претворија М-НАВ во партиска филијала за семејни вработувања

СДСМ и ДУИ ја претворија М-НАВ во партиска филијала напикаа роднини, деца,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и ДУИ ја претворија М-НАВ во партиска филијала напикаа роднини, деца, внуци и коалициски партнери за плати неколкупати поголеми од просечните. За време на СДСМ и ДУИ само што не настана огромен безбедносен проблем, откако контролорите за летање беа тепани од активисти на ДУИ, стои во реакцијата на соопштение на СДСМ.

„СДСМ и ДУИ скандалозно вработуваа роднини, деца, зетовци, братучеди на пратеници и министри од СДСМ и ДУИ како на пример роднините на министерот Љупчо Николовски, беа менувани и членови на комисијата за прием на работа во МНАВ.

Дел од партиските вработувања на СДСМ и ДУИ се: Ветон Кадри, син на пратеничката Шпреса Кадри; Антонио Кочовски зет на тогаш првиот човек на СДСМ од Охрид, Лазе Танески, роднина на екс-министерот Горан Сугарески.

Реклама

Партиски вработувања на СДСМ и ДУИ и нивни блиски роднини се: за претседател на УО на М-НАВ беше поставен Николче Тасески, зет на екс-министерката Рената Дескоска. Таму е вработен и синот на Стевчо Јакимовски, вработена е и братучетка на екс-министерката Јагода Шахпаска од СДСМ“, потенцираат во соопштнието.

Со СДСМ и ДУИ, М-НАВ беше претворена во дувло за партиски и роднински вработувања, зад коишто стои партискиот бандитизам. Исто така Бујар Османи си ја вработи сестрата Артан Груби- снаата; Ејуп Алими (експратеник на ДУИ) – две снаи и син; Беким Незири (притворен како предводник на групата тепачи) – внук, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и ДУИ се синоним за непотизам, реагираат од владејачката партија.