Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ додека ја спроведува бугарската агенда паралелно е и политички чадор на ДУИ за спас на кариерата на Ахмети

СДСМ се претвори во политички чадор на ДУИ. Наместо конструктивна опозиција и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ се претвори во политички чадор на ДУИ. Наместо конструктивна опозиција и коректор на власта СДСМ избра да ја одржува кариерата на Али Ахмети и да ја врати ДУИ на власт, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Спрегата СДСМ- ДУИ преку политичка соработка прерасна во коалиција за заштита на криминалните интереси, заштита на ДУИ и обединување со една заедничка цел, спас на кариерата на Ахмети и враќање на ДУИ на власт. Дали СДСМ е заштитник или заложник на ДУИ? Со што толку Ахмети ги задолжи Заев и Филипче што по секоја цена се обидуваат да му ја спасат политичката кариера? Активната соработка на СДСМ оди до таму што се жртвуваат реформски и државни интереси само заради опстанок на коалицијата. СДСМ нема црвени линии, со прифаќањето на уценувачките позиции во односите со Бугарија и потпишувањето на договори што го загрозуваат идентитетот, СДСМ свесно и со намера се стави во служба на бугарската политичка агенда, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Народот ја препозна оваа спрега СДСМ-ДУИ, која не е за унапредување на државата туку за уназадување. Време е за заштита на националниот интегритет, јасна борба против корупцијата, политичкото калкулантство и надворешните диктати, додаваат од владејачката партија.