Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Реалната просечна плата во последната година порасна двојно повеќе од времето кога СДСМ беше на власт

Венко Филипче одамна изгубил чувство за реалноста, очигледно некаде по првиот тендер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче одамна изгубил чувство за реалноста, очигледно некаде по првиот тендер како министер за здравство, но сега откако беше на јахтата на Заев и тоа малку што го имал го нема. Народот денес е побогат од времето на СДСM. Единствена разлика е што нема милиони за него и Заев од државниот буџет, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на ставови на Венко Филипче.

Бројките се секогаш тврдоглави, а тие го говорат следното:

Растот на просечната нето-плата во период од последната година кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт е 10.3%, за разлика од периодот кога СДС беше на власт, кога просечната плата порасна за 8.3%.

Реклама

Уште поголем удар за СДСM е фактот што реалниот пораст на просечната плата во период на ВМРО-ДПМНЕ е двојно поголем од периодот на СДС. Имено порастот на реалната плата во време на ВМРО-ДПМНЕ е 6.7%, за разлика од 3.5% во време на СДСM. Тоа значи дека стандардот на граѓаните сега, е поголем од времето кога СДСM беше власт.

Кога сме кај инфлацијата, и таму бројките се лоши за СДСM. Имено во време на СДСM инфлацијата во просек изнесувала 4.8%, за разлика од сега кога во просек е 3.6%.

СДСM и Филипче може да лажат колку сакаат, но едно не можат да сменат, а тоа е реалноста.