Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Николовски наместо да спречува корупција, ја креирал

Љупчо Николовски додека бил вицепремиер за борба против корупција, наместо да спречува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Љупчо Николовски додека бил вицепремиер за борба против корупција, наместо да спречува тој креирал коруптивни шеми. Целокупното владеење на СДСM и ДУИ беше обележано со криминал, а корупцијата навлезена во секоја пора од општественото делување, стои во соопштението на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Николовски кој како вицепремиер за борба против корупција, имал задача да ја спречува тој дополнително ја создавал преку коруптивни шеми со кланот Заеви.

Додека Заев и Филипче потпишале отпис на 2000 тони жито, Николовски возвратил со контра услуга и грант од 1,4 милиони евра.

Реклама

По отписот на 2000 тони жито од стоковите резерви на државата во вредност близу 800.000 евра, кој е подарок од Заев и Филипче кон Љупчо Николовски, Николовски возвратил на Заев со грант за „Мамас“ од Агенцијата за ИПАРД во вредност од 1,4 милиони евра.

Николовски издејствувал европски грант каде добитник е фирмата „Тргопродукт’’ на кланот Заеви, односно познатиот бренд „Мамас’’.  А ова е втор најголем грант во историјата на ИПАРД програмата.

Колку вакви меѓусебни дилови направиле Заев, Филипче и Николовски и колку ја оштетиле државата и буџетот?

ЈО да отвори постапка и да ги истражи овие случаи.

Доказ дека СДСM е приватна партија на кланот Заеви каде Филипче им ја чува фотелјата само за да им ги штити бизнис интересите, е последното разрешување на сите околу него и недозволувањето на демократски процеси и реформи на партијата.