Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Над две милијарди евра приходи во Царинската управа, растат приходите на секој основ

105 милиони евра повеќе за државата за само една година или над…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

105 милиони евра повеќе за државата за само една година или над 2 милијарди евра приходи со чесно и домаќинско работење од страна на новото раководство на Царинската управа, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Новиот пристап од страна на раководителите на институциите и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се гледа по растот на приходите и економијата. На секое поле или секоја институција имаме зголемени приходи, затоа што работиме чесно, одговорно и домаќински. Важно е да се напомене дека беа сузбиени организирани криминални мрежи кои вршеле криминални дела со над 230 употребувани автомобили, 230 килограми дрога и 600 килограми анаболици. Спречени се и обиди за криумчарење на пола милион евра вредно злато, 30 килограми сребро, над 200 килограми лекови и над 10 илјади килограми суплементи. Ова се само дел од резултатите што ги постигна Царинската управа за само една година од раководењето предводено од ВМРО-ДПМНЕ. Во однос на прекршочни и кривични дела, евидентирани се вкупно 520 случаи или двојно повеќе од претходно. Поднесени се и 181 кривична пријава за сторени кривични дела против 307 физички и 99 правни лица или за четири и пол пати повеќе споредбено со годината претходно кога биле поднесени 42 кривични пријави, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Овие резултати се постигнати благодарение на макотрпна работа, посветеност и чесност. Ја намалуваме корупцијата, се бориме против криминалот и ги градиме темелите на промените во Царинската управа, додаваат од владејачката партија.