Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Менаџментот на ЗОО Скопје целосно потфрли, дали во градината се шири епидемија на туберкулоза?

Менаџментот на скопската Зоолошка градина и раководството во градот целосно потфрлија. Во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Менаџментот на скопската Зоолошка градина и раководството во градот целосно потфрлија. Во градината постојано угинуваат животни поради разни болести, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во ЗОО Скопје владее општ хаос, животни се разболуваат и умираат, а никој не ги третира и лекува.

Сите инциденти за разболување и угинување на животните, установата ги крие од јавноста, а со тоа го доведува во опасност здравјето на останатите животни, но и на вработените и посетители.

Реклама

Една од болестите којашто е причина за смртта на голем број животни е туберкулозата, која е заразна болест и претставува вистинска опасност за целата околина.

Пред месец и половина, во скопската зоолошка градина починаа три лами од болеста туберкулоза, а кај уште две е потврдена истата инфекција.

Но, хаосот не запира тука. Пред 3 дена почина и младото мајмунче од видот Гибон, а според патолошкиот наод, повторно се потврдува присуство на туберкулоза, истиот вид зараза како кај ламите.

Ова претставува аларм по кој треба итно да се реагира, а менаџментот да понесе одговорност.

А ваквите случаи отвораат сериозни прашања колку животни загинаа од оваа болест, колку се загрозени и дали вработените и посетителите се безбедни?

Време е за одговорност и итна реакција.