Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија како балкански наркоцентар, наместо медицинска, марихуана за црниот пазар, запленетите 40 тони од фирми блиски до Заев и Филипче

Македонија во време на владеењето на СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија во време на владеењето на СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче, наместо строго контролирано производство на канабис за медицински цели, беше претворена во балкански наркоцентар за шверц на марихуана на црниот пазар, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Последната заплена од речиси 40 тони марихуана јасно покажува дека таканаречениот медицински канабис бил само параван за организиран криминал и нелегална трговија со дрога. Овие количини се запленети од компании со лиценци за производство на канабис за медицински цели, токму оние лиценци што беа издавани во време на Заев и Филипче.

Речиси 70 проценти, односно 30-ина тони од запленетата марихуана потекнуваат од фирмата „ЦБД медплант“ од Ново Село, компанија што во јавноста се поврзува со лица блиски до СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче. Основач на фирмата е Христијан Котев, син на Тони Котев М’гчев, поранешен претседател на општинскиот одбор на СДСМ во Ново Село и човек близок до Заев.

Реклама

Лиценците за производство на канабис во тоа време не се издавале според јасни и строги критериуми, туку според партиска и лична блискост со СДСМ, Заев и Филипче.

Паничните реакции на Заев и Филипче, по откривањето на случајот, дополнително ја потврдуваат нивната вмешаност.

Нервозата кај Заев, паничните јавувања, објавите на социјалните мрежи и сомнителните движења на Филипче даваат дополнителен сомнеж. Сето тоа личи на гаснење пожар, а не на однесување на луѓе што имаат чист образ.

Сите овие индиции укажуваат на сериозна поврзаност меѓу поранешната власт и криминалот со марихуана.

Јавното обвинителство темелно, целосно и неселективно да го истражи случајот. Како се издавале лиценците, кој стои зад компаниите, каде завршувала произведената марихуана и кој ја штител нелегалната трговија. Кој и колку профитирал?

Законот мора да важи за сите еднакво. Јавноста очекува одговори, а институциите мора да покажат дека никој не е над законот. Законот мора да важи и за Заев, и за Филипче, и за нивните соработници. Одговорност мора да има.