Реклама

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Македонија

Мицкоски: Прашањето за ЕУ е тешка борба, но ќе се бориме за државата, СДСМ оставија товар тежок како планини да поместуваме

Премиерот Христијан Мицкоски говорејќи за евроинтеграциите и уставните измени, истакна дека тој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски говорејќи за евроинтеграциите и уставните измени, истакна дека тој пат е тежок поради товарот што го оставила владата на СДСМ, но, како што истакна, оваа Влада ќе продолжи да ги брани интересите на државата и граѓаните.

-Оставете не да се бориме. Зошто моето право како политичар кој добил легитимитет од граѓаните да ги брани интересите на оваа државано и нивни ми се оспорува континуирано од одредена група луѓе? Зошто? Оставете ме да се борам во името на тие коишто ми го дале тоа право – рече Мицкоски во гостување на една од националните телевизии.

Тој додаде дека ваквите процеси траеле и дека да се справува со товарот оставен од минатата влада е како да се поместува планина за да се мрдне еден милиметар напред. Но, нагласи, оваа Влада ќе продолжи да го прави тоа во името на граѓаните кои му ја дале довербата.

Реклама

-Ова се процеси коишто траеле. Кога е потпишан Бледскиот договор, зарем тогаш Димитров сонувал дека еден ден ќе се роди некој Заев или Ковачевски коишто ќе потпишат сè обратно што тој го потпишал како капитулација пред тогашното раководство на Македонија, Југословенската федерација? Не сонувал, ама еве чекале, чекале… И оваа борба ќе трае – нагласи Мицкоски.

Додаде дека нема да се преземе ниту еден чекор повеќе додека не биде сигурен дека со тоа се решава целиот проблем.

-И да речам да се фрлам од 10-ти кат и да речам дека ова така е, и јас и цела Влада, ќе измислат нешто друго. Додека не бидеме сигурни дека со ова го решаваме целиот проблем, се додека не бидеме сигурни дека ова е двонасочна улица, ќе се бориме. Зошто ми го оспорувате правото да се борам? Јас не сум рекол дека утре, веднаш ќе цутат цвеќињата, птиците ќе пеат и сè ќе биде розево. Не, ова е тежок процес бидејќи товарот којшто овие ни го оставија пред нас е толку тежок што поместуваме планини за милиметар да мрднеме напред. Планини поместуваме, толку е голем тој товар. И нема проблем, ќе ги поместуваме, но оставете нè, не ни ставајте нови товари – потенцираше Мицкоски.

Смета дека кога сте политичар и кога имате чест да водите влада и држава, не можете да ги водите политиките денес за утре.

– Мора да гледате месеци и години пред вас. Ако вие не сте способен да видите месеци, години, да видите неколку чекори, вие не треба да се занимавате со оваа работа – рече премиерот Мицкоски во интервјуто.