Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Левица призна и се заплетка во лагите за парите кои завршиле во џебовите на раководството

Левица на прес-конференција практично признаа дека податоците добиени од свиркачи за парите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Левица на прес-конференција практично признаа дека податоците добиени од свиркачи за парите кои од сметката на партијата завршиле во џебови на тесното раководство се точни, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Парите од сметката на партијата Левица по разни основи завршиле кај тесното раководство на Левица. Мојсоска која самата изнесе информација дека била сметководител на Левица требало да знае дека доколку ја говори вистината, актот е противзаконски.

Правниците од Левица би требало да знаат дека во Законот за пратениците јасно е наведено:

Реклама

– Член 4: „Функцијата пратеник во Собранието се врши професионално.“

– Член 5: „Пратеникот нема право да врши други јавни функции или професии, кои согласно со закон се неспојливи со функцијата пратеник.“

– Член 9: „Функцијата пратеник е неспојлива со вршењето на дејности со профитна цел.“

Законот е јасен Јована Мојсоска како пратеник, не смеела да остварува профит и да врши сметководствени услуги за Левица. Доколку е вистина улогата на сметководител, Мојсоска сериозно го прекршила Законот.

Левица бегајќи од вистината се заплетка во сопствените шеми за извлекување на партиски средства за лични потреби на раководството.

Вистината излезе на виделина,  Левица под закрила на идеологија, чесност и приказни за неподмитливост испумпува пари на личните трансакциски сметки.

Пропагандата на Левица за чесност и неподмитливост се претвори во параван зад кои се испумпуваат пари.

Вистината е на виделина, Левица не е имуна на корупција и не се бори против неа, туку е дел од неа.