Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на Филипче и СДСM повторно демантирани, Македонија доби најмногу европски средства во регионот

Лагите на Филипче и СДСM се повторни демантирани, Филипче и СДСM лажеа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лагите на Филипче и СДСM се повторни демантирани, Филипче и СДСM лажеа за мигранти, лажеа дека државата ќе банкротира, лажеа дека е празен Буџетот, лажеа за ИПАРД фондовите, а лажеа и за Реформската агенда и изјавите на Вајц, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче и СДСM ширеа лаги и го манипулираа народот, но веднаш се демантирани и тоа од релевантните институции. Токму затоа Венко Филипче нема кредибилитет и никој не му верува.

Македонија доби најмногу европски средства во регионот доделени од ЕУ во висина од 65,7 милиони евра, пред Албанија со 49 милиони евра и Црна Гора со 44,2 милиони евра.

Реклама

Ова е за Јануарскиот извештај, а Македонија за јуни месец ќе ја удвои сумата и повторно ќе бидеме први во исполнувањето на Реформската агенда.

ЕУ потврди, Македонија е лидер во реформите, а лагите на Филипче и СДСM паднаа во вода.

Овие доделени средства од ЕУ во висина од 65,7 милиони евра се јасен показател дека реформите кои ги спроведува Владата даваат конкретни резултати и се препознаени од европските институции.

Средствата се наменети за унапредување на образованието, дигитализација и подобрување на условите во училиштата, при што дел од средствата директно ќе бидат насочени кон државниот Буџет, а останатите кон капитални и инвестициски проекти.

Овие резултати уште еднаш ги демантираат сите неосновани тврдења и дезинформации пласирани од страна на СДСM и Филипче во изминатиот период. Наместо сценарија за криза и неуспех, фактите покажуваат дека Македонија напредува, добива доверба и обезбедува конкретна европска поддршка.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува целосно посветена на реализација на реформите, економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните.