Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Колку профитираа Заев и Филипче од урбанистичките зделки во Тетово, СДСM да не молчи, а ЈО да го истражи случајот

СДСM, Венко Филипче и Заев молчат и избегнуваат да одговорат за промената…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM, Венко Филипче и Заев молчат и избегнуваат да одговорат за промената на ДУП во Тетово. Земал ли Заев 4 милиони евра од Дака за промена на ДУП во Тетово за изградба на станбени единици во вредност од 200 милиони евра?, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев менувал детални урбанистички планови само за да удоволат на проруски бизнисмени како Дака.

Дака бил спремен да му даде на Заев 4 милиони евра за парцелата во ШИК Јелак кој тој ја купува по багателна цена, да прерасне во бетонска џунгла од 2 илјади станбени единици.

Реклама

Овие 2 илјади станбени единици на Дака ќе му донесеа 200 милиони евра, а на Заев  би му припаднале 4 милиони евра.

Го ставија ли Заев и Филипче приватниот интерес пред јавниот интерес поради свои лични цели и интереси од кои дебело профитираа?

Кој и колку профитираше од промените на ДУП во Тетово?

Јавноста треба знае и да добие јасна слика за начинот на кој Заев и СДСM носеле одлуки што директно влијаат врз урбаниот развој и довербата во институциите.

Случајот со промената на деталниот урбанистички план во Тетово отвора сериозни прашања за тоа дали јавниот интерес бил ставен во втор план на сметка на приватни договори и бизнис интереси на Заев и Филипче.

Дали урбанистичките измени биле носени врз основа на стручни анализи и потребите на граѓаните, или пак биле резултат на договори кои носат енормна финансиска корист за Заев и Филипче?

Дополнително, се поставува прашањето за текот на средствата и нивната евентуална употреба дали тие пари завршиле во приватни инвестиции на Заев и Филипче надвор од државата или биле искористени за понатамошно ширење на влијание и бизнис мрежи?

Надлежните институции имаат обврска темелно да ги испитаат сите наводи и да утврдат дали постои основ за понатамошна постапка.

ЈО да ги испита сомнежите за можни судири на интереси и злоупотреба на функцијата.

Граѓаните заслужуваат транспарентност, отчетност и владеење на правото.

Граѓаните заслужуваат вистина, одговорност и крај на ваквите политички практики.