Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО и Коцевски повеќе да не молчат, кој ги злоупотребил АНБ и АР за политички пресметки и кој наредил да се следи Мицкоски?

ЈО и Коцевски повеќе да не молчат, кој ги злоупотребил АНБ и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ЈО и Коцевски повеќе да не молчат, кој ги злоупотребил АНБ и АР за политички пресметки и кој наредил да се следи претседателот Мицкоски?

ЈО да не молчи,  итно да реагира и да спроведе темелна и транспарентна истрага за незаконското следење на претседателот Мицкоски, новинари, бизнисмени и останати партиски функционери, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. 

Дали ЈО и Коцевски ја штитат политичката мафија или правдата во државата?

Реклама

5 години службите на АНБ и АР биле под целосна партиска контрола на СДСМ и ДУИ  каде институциите биле злоупотребувани а човековите права целосно нарушени.

СДСМ и ДУИ ги злоупотребувале институциите и нанеле директен удар врз демократијата и основите на правната држава.

СДСМ пет години ги рушела темелите на системот и правната држава заради теснопартиски интереси со цел што подолго да се задржат на власт. За таа цел се конструирале белешки од АНБ.

ЈО и Љупчо Коцевски да престанат да бидат сервис на партиската врхушка на СДСМ и ДУИ.

ЈО и Љупчо Коцевски да се одважат и да започнат да работат во интерес на правото и правдата во државата.

Љупчо Коцевски лично и директно сноси одговорност за мизерната доверба на граѓаните во правосудството која е под 2 проценти. Молкот на Коцевски е соучество и организирано прикривање на незаконското следење.

ЈО да открие кој стои зад незаконското следење на претседателот Мицкоски и кој ги злоупотребил АНБ и АР за политички пресметки.