Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Изградени и пуштени во употреба над 70 километри експресни патишта и автопат

Македонија интензивно и засилено се гради во сите делови на државата. За…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија интензивно и засилено се гради во сите делови на државата. За една година, ВМРО-ДПМНЕ покажа како се работи посветено и како се реализираат крупни капитални инфраструктурни проекти кои ја трансформираат Македонија, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Изградбата на големите патни решенија значително го подобрија и забрзаа патниот сообраќај, граѓаните побрзо и побезбедно стигнуваат до посакуваната дестинација, а позитивно влијаат и на економијата.

Така, за една година се завршија и пуштија во употреба над 70 километри експресни патишта и автопат.

Реклама

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за една година ги заврши и пушти во употреба двете делници од експресниот пат Градско-Фариш, во должина од 25,7 километри, како и 25,5 километарската делница Страцин-Крива Паланка која е дел од експресниот Куманово-Крива Паланка.

Со интензивирање на градежните активности, се изгради и пушти во употреба делницата Врбјани-Ботун долга 20 километри, дел од автопатот Кичево-Охрид, а многу наскоро во употреба ќе биде пуштена уште една делница.

Додека пак, до крајот на 2026 година, во употреба ќе биде пуштен целиот автопат.

Паралелно со изградбата на овие значајни патишта, засилено се гради и на автопатиштата Тетово-Гостивар и Прилеп-Битола, кои се очекува да завршат и да се пуштат во употреба во 2027 година.

Со ова темпо на градење на патишта, во следните неколку години, државата ќе биде поврзана со експресни патишта, а и целосно ќе се заврши и стави во функција автопатската мрежа.

Македонија се трансформира и развива, а промените ги гледаат и чувствуваат граѓаните на дело.