Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Историски момент за земјоделство, од македонските земјоделци се откупуваат 9.000 тони пченица по 13 денари

Македонија испишува нова, позитивна и убава историја како за државата, така и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија испишува нова, позитивна и убава историја како за државата, така и за македонските земјоделци, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.  

Се вреднува и се исплаќа трудот и маката на земјоделците и со македонски производи се полнат државните резерви.

За прв пат во историјата, државните стоковни резерви се полнат со пченица купена од земјоделците производители.

Реклама

Наместо од трговци, кои препродаваа српска пченица, на што ставаа дебели маржи, сега парите и профитот ќе одат директно кај македонскиот земјоделец.

Објавен е повикот за откуп на домашна пченица од реколтата 2025 година за потребите на државните стоковни резерви.

Ќе се откупат 9.000 тони пченица по цена 13 денари за килограм од регистрираните производители на земјоделски производи.

Ова претставува значајна поддршка за македонските земјоделци, што го потврдува стратешкиот приоритет на Владата за заштита и поддршка на домашното земјоделско производство.

Државата повеќе не е каса за бизнис зделки за поединци, туку сервис за сите, каде парите завршуваат кај народот и вистинските земјоделци.