Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче отворено вели дека уставните измени се прва работа што би ја направил на власт

Наместо да застане покрај Владата во одбрана на националните интереси, Филипче сака…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо да застане покрај Владата во одбрана на националните интереси, Филипче сака да го надмине Заев во предавствата, па отворено вели дека уставните измени се прва работа што би ја направил на власт, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Венко Филипче по стапките на неговиот ментор, Зоран Заев, за власт е спремен се државно да распродаде.

Само што Филипче сака да го надмине својот учител и ментор Заев, кој пред да дојде на власт лажеше дека нема да го смени името, па затоа уште сега ветува дека прва работа што би ја направил на власт би биле уставните измени.

Реклама

Ова покажува само дека Филипче и СДСМ немаат црвени линии и за да се догребат на власт спремни се на нови национални предавства.

СДСМ и Филипче не поставуваат услови, не бараат гаранции уставните измени да бидат последна пречка за евроинтегративниот пат на државата, туку отворено им се додворуваат на Бугарија дека се спремни за ново национално предавство, само за да дојдат на власт.

Планот на Заев за уништување на државата за да остане ден повеќе на власт, сега Филипче дословно сака да продолжи, на ист начин, исполнувајќи агенди на други држави во замена за власт во Македонија.

Историјата покажа дека СДСМ никогаш не се грижеле за државните и национални интереси, за нив единствениот интерес беше освојување и останување на власт, така прифаќаа се што им се сервираше од страна како Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство со Бугарија, Францускиот предлог.

Додека Филипче зборува за Европска унија, под тоа подразбира само отстапки и национални предавства, затоа што токму пратениците на СДСМ се тие коишто ги кочат законите од Реформската агенда.

За својата комоција на власт СДСМ на Заев, потоа и на Ковачевски прифаќаше се што им се ставаше на маса, и во тој стил сака да продолжи и Филипче.

Филипче оди и чекор понатаму, од опозиција измислува лаги и ги кодоши државата и премиерот за да му се додвори на новата бугарска власт, наместо да застане покрај македонската Влада во одбрана на идентитетот и националните интереси.

Ова покажува дека на СДСМ и Венко Филипче ништо не им значат македонскиот идентитет, националните интереси и македонската државност, тие се спремни за нови предавства и тоа веќе не го кријат.

Народот тоа не го прифаќа, народот е против предавството и распродавањето на националните и државни интереси, затоа СДСМ со Филипче е на биолошки минимум со одвај 130 илјади гласа, трета партија во државата и петта во Скопје.