Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од опозициска клупа нуди уставни измени, ни недела од новата влада, а веќе коленичи пред Радев

Современиот Коте од Руља, Венко Филипче, трча во прегратките на Румен Радев…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Современиот Коте од Руља, Венко Филипче, трча во прегратките на Румен Радев кој ја формираше владата на Бугарија пред неколку дена. Филипче не може да почека ни една недела, за да се огласи дека спремен е на нова серија на национални предавства и дека ќе го продолжи аманетот што му го остави Заев, па јавно вели дека сопствената држава создавала вештачки конфликти со соседите, а и изигрува кодош, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Румен Радев, новиот премиер на Бугарија, не е нова политичка фигура и јасни се неговите ставови околу македонскиот идентитет.

Официјалните ставови од Софија се дека македонскиот јазик е од 1945 и има бугарски корени, дека Гоце Делчев е бугарин, а Филипче трча да му се продаде и разгласува дека ќе ги направи уставните измени.

Реклама

Филипче вели дека во 90-тите се зборувало за национални теми, а сега не биле битни и на тој начин се обидува да го релативизира македонскиот идентитет и националните интереси.

Најавуваат некоја нова програма, и преку тоа од СДСМ се обидуваат да го убедат народот дека идентитетот и националните интереси не се важни, а Филипче се однесува како да е портпарол на бугарските барања.

Венко Филипче се занимаваше со се освен со СДСМ, славеше туѓи победи на сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ во други земји, шеташе во Рим и од таму со статуси се грижеше за работниците за 1-ви Мај додека беше на продолжен викенд, и е единствен политичар кој оди на летен распуст, на јахтите на Заев во Грција, за сега најново да се расфрла насекаде со изјави дека ќе ги направи уставните измени без гаранции.

Според ова, него му е важна само фотелјата на Бихаќка и да дојде на власт за да го продолжи планот за уништување на државата на Заев, па мора да се разгласува дека тој е оној кој ќе каже ʼдаʼ на нова национална отстапка.

Филипче веќе се замислува себе си во премиерска фотелја и заборава дека е опозиција, опозиција која од ниеден аспект не е конструктивна, па се обидуваат да најдат начин и како такви да штетат на државата.

Венко Филипче и СДСМ доживеаја два последователни изборни порази и уште не ја научија лекцијата, па настапуваат арогантно во јавноста, се караат со медиуми, со новинари, како и со официјални претставници на други земји во Македонија.

Од СДСМ, ги исклучија коментарите по социјалните мрежи што значи дека воопшто немаат интерес грижа што имаат да кажат граѓаните.

Откако распродадоа се што можеше заедно со Заев, па после него и Димитар Ковачевски, откако ја испокрадоа државата, ја блокираа преговарачката рамка со ЕУ, мислат дека некој пак ќе ги гласа.

Тоа што се обидува да го наметне како нормално, односно уставните измени без гаранција, нема да му пројде затоа што народот знае кои се Венко Филипче и СДСМ и дека никогаш не работеле за интересот на Македонија и на македонските граѓани.

Македонија заслужува опозиција која се бори за интересите на граѓаните, а не опозиција која коленичи пред странски премиери, затоа народот и трет пат ќе им ја испрати истата порака на СДСМ.