Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го надмина и Заев, како пион на Радев, стана поголем негатор на Македонија и Македонците од бугарските власти

Венко Филипче, кој место со победа на избори на власт сака да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче, кој место со победа на избори на власт сака да дојде со предавства и отстапки за националниот идентитет, стана поголем негатор и од најголемите негатори на Македонија, бугарските власти, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче го фатил патот на Зоран Заев и како пиун на Румен Радев е спремен да потпише нови капитулации за Македонија и македонскиот народ, во надеж дека така некој друг ќе го донесе на власт.

Нема никаков проблем за СДСМ и Венко Филипче да бидеме нарекувани како „северномакедонци“, која е неточна, непостоечка и навредлива кованица, која за нас Македонците ја користат тие што сакаат да не навредат и негираат.

Реклама

Оваа придавка доаѓа по еден од најголемите дипломатски дебакли на тогашната власт на СДСМ под Зоран Заев кому Филипче му беше министер, и тоа е капитулантскиот Преспански договор.

Со ова придавка ни е обрати министерката на Радев, Велислава Петрова Чамова, а Венко Филипче уште упорно и најгласно што може вели дека не гледа никаков ризик за загрозување на македонскиот идентитет и дека никој не го негира.

Филипче, кој во поданоста го надмина и Заев и стана пиун на Радев, не ни ја осуди ваквата изјава на бугарската министерка, ниту побара друг пат да не се повтори.

Но што може да се очекува од Филипче, кој прави стана главен лобист за прифаќање на бугарскиот ултиматум, и кој одбива секоја подадена рака за обединување и консензус за националните интереси, како што е и реформската агенда.

Но, на Филипче не му треба реформска агенда затоа што за него приоритет се агендите на туѓите држави, наместо македонските интереси.

Со овие недостоинствени настапи и делувања, Филипче само докажува дека е уценет човек, но тоа што треба да направи е јавно и јасно да каже, со што се е уценет за да мора да води ваква политика на штета на Македонија и македонскиот народ.