Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ партиски плен на СДСM и ДУИ, испрани 2 милиони евра од наместен тендер вреден 8 милиони од Дистрибуција на топлина, а на Талат ќерката во Надзорен на Снабдување со топлина

За СДСM и ДУИ ништо не било свето. Институциите ги гледале единствено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За СДСM и ДУИ ништо не било свето. Институциите ги гледале единствено низ призмата сместување во топлите и удобни фотелји на роднини и пријатели, а нивните буџети извор за лично богатење на поединци, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Исклучок од ова не било ниту ЕСМ и претпријатијата дел од него.

Едни од институциите во која видни партиски лица од СДСM и ДУИ си ги сместувале своите најблиски е ЕСМ Снабдување со топлина, а друго во кое буџетот се користел за испумпување пари на народот кои, најверојатно, завршувале во приватни џебови е ЕСМ Дистрибуција на топлина.

Реклама

Раководството во оваа институција поставено од СДСM и ДУИ, претпријатието го третирало како партиски плен, па затоа ќерката на Талат Џафери ЕСМ Снабдување со топлина била дел од Надзорниот одбор.

Тоа е истиот оној Џафери, кој СДСM и ДУИ со две раце го гласаа, за да стане незаконски претседател на Собрание и потоа неговата ќерка да биде изгласана за дел од Надзорниот одбор на ЕСМ.

И како што погоре споменавме, освен што си ги згрижувале своите најблиски на добро платени позиции, коалициските партнери СДСM и ДУИ во ЕСМ Дистрибуција на топлина си местеле тендери по нивна мерка.

Имено, истражните органи спроведоа истрага за време кога претпријатието било раководено од кадар на ДУИ, а именувано од СДСM, за сторен криминал во вредност околу 8 милиони евра.

Си наместиле тендер од таа вредност, а 2 милиони евра ги испрале преку разни корупциски шеми, за истите веројатно да завршат во нечии џебови.

Но она што повеќе загрижува од самиот криминал, е фактот што СДСM како тогаш, така и сега молчи и не се оградува од овие криминални и корупциски шеми во ЕСМ Дистрибуција на топлина.

Затоа легитимно се поставува прашањето, дали овие 2 милиони евра кои испариле, завршиле кај структури блиски до врвот на СДСM или во ДУИ и дали лица од тогашниот врв на овие партии имаат вмешано прсти во случајот?

Македонската јавност заслужува и одговори и одговорност за ваквиот начин на раководење на државните институциите од страна на СДСM и ДУИ.

Потребно е Јавното обвинителство да ја води постапката одговорно, транспарентно и независно, за правда да има и одговорните да се казнат.