Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Економските политики на Владата даваат резултати, Македонија лидер во регионот и шеста во светот по привлекување странски инвестиции

Економските мерки и политики преземени од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, даваат резултати.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Економските мерки и политики преземени од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, даваат резултати. Тие ја позиционираа Македонија шеста во светот по привлечени странски инвестиции во однос на БДП. Ова се потврдува во извештајот Greenfield FDI Performance Index за 2025 година кој го подготвува „ФДИ интелиџенс“ кој е специјален истражувачки оддел на „Фајненшл Тајмс“ на кој се рангирани 105 земји од светот, меѓу кои Македонија го зазеде шестото место, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Извештајот пресметува колку странски инвестиции привлекле земјите во однос на БДП при што се нагласува дека Македонија со помалку од два милиона жители и номинален БДП од околу 16 милијарди долари е пример за земја од Западен Балкан која ги надминува своите можности кога станува збор за привлекување странски директни инвестиции.

Во извештајот се потенцира дека во 2024 година се случија нови големи инвестиции во енергетскиот сектор што би можеле да го продлабочат нејзиниот инвестициски потенцијал во наредните години.

Реклама

Ова претставува уште една потврда на Влада за овозможување услови, стабилност и предвидливост со цел Македонија да стане најпосакувана дестинација за директните странски вложувања.

Друг податок кој ги потврдува исправните и добро планирани економски мерки и политики на Владата е историското највисоко ниво на странски инвестиции од осамостојувањето кое го имаше минатата година.

2024 година Македонија ја заврши со рекордни над една милијарда и 250 милиони евра директни странски инвестиции.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи макотрпно да работи за секој еден граѓанин, да ја развива економијата и да привлекува инвестиции за Македонија да стане лидер во странските инвестиции по глава на жител.