Денешниот протест покажа дека е само една заедничка парада на СДСМ и ССМ со која ги лажат работниците дека се залагаат за повисоки плати СДСМ и ССМ денес покажаа на дело дека се едно, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Во текот на денешниот протест низ улиците се гледаат лица со промотивен материјал и обележја на СДСМ, лица кои носат маици со натпис СДСМ.
Ова е само доказ за нашите пресови. Пресови во кои информиравме дека ова не е борба за работнички права на Синдикатот. Пресови во кои укажувавме дека ова е организирана активност на СДСМ и ССМ под превезот дека се бараат повисоки плати. Ова е само една лага на СДСМ и ССМ.

Ова е доказ и на нашите информации според кои луѓе се носени за протести и од други градови, а истите се организирани од локални штабови на СДСМ.
Денешниот протест покажа дека е само една парада со која СДСМ и ССМ ги лажат работниците дека се залагаат за повисоки плати.
