Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Целта на Владата е да има енергенси по најевтини цени во регионот

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во услови кога случувањата на Блискиот Исток ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во услови кога случувањата на Блискиот Исток ја прават состојбата на енергетските пазари динамична, со цени кои варираат од час во час, Владата неуморно работи да обезбеди енергетска стабилност.

Целта е Македонија да има енергенси по најевтини цени во регионот, дури и покрај глобалните притисоци кои укажуваат на можни поскапувања. На пример, во соседните држави цените се повисоки за 40, 50, па дури и 60 проценти.

Затоа Владата одржа средба со претставници на нафтената индустрија, со цел да се координираат мерки и да се преземат сите можни чекори.

Реклама

Опозицијата, пак, од друга страна, се служи со празни флоскули и се занимава со сè освен со тоа што треба. Но, тоа не е неочекувано, затоа што од нивната практика досега се гледа дека не им е јасно, ниту пак покажале дека знаат да се справат со криза.

Пример е лидерот на СДС, Венко Филипче, кој, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, покажал дека не му е баш гајле за граѓаните кога се обидувал да профитира со вакцините против ковид и се обидел да врши набавка на истите преку компанија за јужно овошје по трипати повисока цена, кога ги приморал граѓаните да одат и да се вакцинираат во соседни земји, па правел шоу на граница за 5.000 вакцини, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.