Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Чекориме кон историска победа на локалните избори

Четириесет и двајца градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека 4 години може да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четириесет и двајца градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека 4 години може да се управуваат општините европски, партијата сега чекори кон историска победа на локалните избори закажани за 19 октомври, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ за четири години локална власт покажа дека општините може да се управуваат без афери, без криминал, злоупотреба на народни пари.

На крајот на четвртата година од претходните локални избори кои се одржаа во 2021 годината, 42 градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека можат да управуваат со општините европски.

Реклама

Оттука, ВМРО-ДПМНЕ сериозно се подготвува за претстојните локални избори закажани за 19 октомври. Целта е како што вели и претседателот на партијата, Христијан Мицкоски да се постигне историски резултат по кој само посилно ќе се продолжи со работа на веќе почнатата реформска агенда.

Со историска победа само ќе продолжи периодот на реформи и обнова на сите локални самоуправи во Македонија, ќе продолжи периодот на креирање на дополнителна функционалност на општините.

За досегашната реформска агенда кажуваат бројките на реализирани проекти. Во периодот од 4 години се изградија и реконструираа улици и патишта во вкупна должина од над 770 километри во што се вложени околу 100 милиони евра. Направени се скоро 47 илјади метри нови водоводи, а канализации во должина од над 91 илјади метри.

Со цел модернизација на општините изградени или во завршна фаза се седум пазари од затворен тип како оној во Штип, Велес, Радовиш. Направени се инвестиции за најмладите, реконструирани и модернизирани се околу 400 училишта низ Македонија, а завршени или во завршна фаза се околу 280 спортски игралишта и детски рекреативни терени. На голем број училишта се поставени фотоволтаици, а во голем број на општини обезбедена е бесплатна храна за децата од прво до петто одделение. И ова е се само дел од сработеното за четири години.

По историската победа која се очекува оваа есен, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи само со уште позасилено темпо на реализација на проекти кои го подобруваат квалитетот на животот на секој граѓанин.

Довербата од граѓаните е силата на ВМРО-ДПМНЕ.