Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетите на институциите биле извор за партиските лукративни потреби, пример е Еразмус+

Работењето на Агенцијата Еразмус+ во време на Зоран Заев и Лидија Димова,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Работењето на Агенцијата Еразмус+ во време на Зоран Заев и Лидија Димова, е слика како СДСM управуваше со државата, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Институциите ги ставија во служба на партискиот интерес, а нивните буџети како каса за парично офајдување на членови на СДСM или лица блиски до партијата, а криминалот и корупцијата цветаа. А, одговорност немаше.

Така и Еразмус + во време на Димова, служеше како приватна фондација на СДСM од каде што се даваа пари на браќа на пратеници, професори и судии блиски до партијата.

Реклама

Над 200 илјади евра грант од агенцијата доби Горан Велковски, брат на пратеникот на СДСM Диме Велковски, за два проекти. Едниот во висина од 83 илјади евра за дресура на магариња, другиот вреден 125 илјади евра за правење на сирење.

Тоа се пари доделени по партиска линија.

Но она што остана да лебди се неодговорените прашања кој го одобрил проектот, дали лицето одговорно за одобрување на проектите е лице блиско до Зоран Заев и СДСM?

Дали поминале сите процедури и дали имало и други кандидати кои конкурирале за истиот проект, но истите не биле избрани бидејќи не биле членови на СДСM и блиски на Заев?

Исто така, остана неодговорено прашањето дали во Агенцијата се давале проекти исклучиво на блиски лица до СДСM или пак нивни членови?

Злоупотребата на Агенцијата за задоволување на партиските потреби и членови, покажа дека во време на власт на СДСM, работа и проекти имаше само за нивни членови и на нив блиски лица.

Време е обвинителството да почне да се занимава со истражување на сите овие индиции за сторен криминал и корупција. Доста е веќе со криење и штитење како до сега, правда и одговорност мора да има.