Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев и Мециновиќ се разоткриени, пред граѓаните глумат чесност, а зад завесите во џеб ставаат народни пари

Дволичноста на лицата од Левица веќе е на виделина. Лицата како Димитар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дволичноста на лицата од Левица веќе е на виделина. Лицата како Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ кои постојано зборуваат за чесност, грижа за граѓаните се покажа дека е една голема лага, се наведува во соопштенуието од ВМРО-ДПМНЕ.

Апасиев и Мециновиќ практично глумат едно пред јавноста, друго како приватни лица. Па така Апасиев и Мециновиќ си земале од партиските пари на Левица за лични потреби, тие пари пак се на народот.

Само во периодот од 2021 година до денес се послужиле или во џеб ставиле околу милион денари.

Реклама

Само за оваа година 2025, Мециновиќ кој е пратеник во Собранието од Левица земал околу 200 илјади денари.

Со вакво однесување Апасиев и Мециновиќ покажуваат само колку се дволични и колку не им е грижа за граѓаните, со други зборови глумат наивни лица загрижени за народот.

Едно е јасно раководството на Левица, или Апасиев и Мециновиќ пред граѓаните глумат фалш скромници, а зад грб само ги ставаат во својот џеб нивните граѓани.

Секој ден се покажува дека лицата од Левица се демагози или само лажно ветуваат и манипулираат за да го придобијат народот, а воедно се и тешки лицемери, едно се нивните јавно кажани зборови, а нивните приватни постапки се сосема нешто друго.