Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: 18-от Конгрес е ново поглавје во политиката на кој ќе биде донесена новата „Стратегија за Македонија 2030“

ВМРО-ДПМНЕ повторно е прва политичка опција која го трасира патот кон иднината.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ повторно е прва политичка опција која го трасира патот кон иднината. Следуваат нови победи за Македонија и добра иднина за сите, соопшти ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на 18-ти редовен Конгрес на партијата, што ќе се одржи утре во Кавадарци. 

Овој Конгрес, потенцираат од партијата, претставува ново поглавје во политиката, во која првенствено треба да се  обезбеди стабилно, предвидливо и државничко водство.

На Конгресот ќе биде донесена новата Стратегија на партијата: „Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030“ (правци за дејствување, развој и државно водство), како и пропратни документи.

Реклама

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека за да опстои и да напредува, македонската држава мора да има јасен стратегиски правец: стабилна државност, функционални институции, модерна економија и цврсто заштитен македонски идентитет. 

– Оваа стратегија ја дефинира улогата на ВМРО-ДПМНЕ токму во таа насока: партија што предвидува, а не следи; партија што гради систем, а не мандат; политичка сила што поставува долгорочна архитектура на државата. Со оваа Стратегија ВМРО-ДПМНЕ се дефинира како водечка европска, демократска и вредносно ориентирана политичка сила во Македонија. Пред да се гласа Стратегијата, Делегатите истата ќе ја имаат во електронска форма достапна преку QR код на делегатските акредитации, се вели во соопштението. 

Европската десница, посочува партијата, го афирмира моделот на социјална пазарна економија, систем што ја балансира слободата на пазарот со одговорноста на државата да ги штити ранливите и да создава еднакви можности. Тој модел ја поддржува иницијативата, но ја одбива зависноста; ја охрабрува иновативноста, но ја отфрла злоупотребата; го гради општеството на труд, знаење и фер конкуренција, а не на привилегии и клиентелизам. 

– Во македонски услови, ова значи квалитетно здравство, конкурентно образование, функционални јавни услуги и политики што го задржуваат талентот дома, наместо да го иселуваат. Современата држава мора да биде ефикасна, транспарентна и отпорна. Владеењето на правото е нејзината фундаментална основа. Администрацијата мора да биде професионална, департизирана и ориентирана кон резултати; судството независно и функционално; институциите доследни на стандарди, а не на вертикали на влијание. Дигиталната трансформација претставува најголемата можност за вистинска реформа: институции што работат преку податоци, алгоритми што ја намалуваат корупцијата, автоматизирани услуги што ја елиминираат бирократијата и системи што ја прават државата побрза, поефикасна и потранспарентна од било кога, велат од ВМРО-ДПМНЕ и посочуават дека  ова не е технолошка агенда, туку визија за современа државност, држава што им служи на граѓаните, а не обратно. 

Недостигот на дисциплина во институциите, укажува партијата, е една од најдлабоките слабости на постсоцијалистичките демократии. ВМРО-ДПМНЕ затоа ја поставува реформската државност како еден од своите централни идеолошки столбови: институциите мора да работат според правила, а не според импровизации;администрацијата мора да биде професионална, а не партиски зависна;  политичката власт мора да поставува стандарди, а не да бара исклучоци; јавната служба мора да биде предвидлива, ефикасна и транспарентна. 

– Овој принцип ја претвора државата од „простор на политички судири“ во функционален систем – услов за економски раст, правна сигурност и стабилни политички процеси. Реформираната државност е темелот на вистинска европеизација. ВМРО-ДПМНЕ како Македонска центар-десница е втемелена во философијата дека државата мора да биде силна: таму каде што штити, ограничена таму каде што пречи  и присутна таму каде што создава јавна добробит. Таа философија ги обединува слободата, достоинството, одговорноста и државноста како четири носечки столба. Како генерација ние мораме да обезбедиме стабилна и просперитетна иднина на генерациите што доаѓаат. Сега е нашето време да ја ставиме својата цигла во нашиот заеднички дом – Македонија. ВМРО-ДПМНЕ повторно е прва политичка опција која го трасира патот кон иднината. Следуваат нови победи за Македонија и добра иднина за сите, соопшти ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на утрешниот конгрес.