Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

ВЛЕН го гради коридор 8 за граѓаните

Реакција на коалицијата на ВЛЕН по соопштението на ДУИ: „Додека ДУИ беше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реакција на коалицијата на ВЛЕН по соопштението на ДУИ:

„Додека ДУИ беше власт се изгради 0 километри на автопат во западна Македонија.
Граѓаните, Албанците, особено во западна Македонија, добро знаат дека не се градеше ништо додека ДУИ беше власт:

Нула километри нов автопат во западна Македонија. Две децении се асфалтираше кон Крива Паланка, кон Кочани, автопат се направи кон Штип, се градеше пат кон Радовиш и Струмица и се догради автопатот Скопје–Гевгелија, додека трасите кон Кичево, Струга и Гостивар беа оставени да ќутат во прашина. Ништо не се градеше додека ДУИ беше власт. Не се градеше кон Блаце, не се градеше кон Ќафасан, не се градеше патот од Кичево до Струга, патот до Гостивар и понатаму беше трагедија, сè беше запрено. Наместо багери, гледавме само ленти за сечење и прес-конференции за „историски почетоци“. Гол популизам. Гледавме фотосесија наместо работа. Коридор 8 десет години служеше за фејсбук-албуми на министри, без никаков напредок на терен. ДУИ е нервоза затоа што гледа дека Коридор 8 конечно се гради. Граѓаните сега ќе направат разлика. Првиот дел од автопатот Кичево–Охрид (Врбјани – Песочан) е веќе пуштен во сообраќај и тоа е прв нов километар автопат во западна Македонија по 30 години ветувања. Ако возите од Тетово за Струга ќе видите машини на секој чекор. Од Тетово до Струга се работи секој ден; булдожери, камиони и асфалтни бази ги заменуваат фото-сесиите на ДУИ. Доста со присвојување. Коридор 8 е стратешки државен проект, финансиран од сите даночни обврзници и поддржан од евро-атлантските партнери, не од партиски каси. Вие се сликавте, ние го градиме, граѓаните ќе знаат да го ценат тоа.
Фактите зборуваат. Додека вие сликавте камења, ние ги движиме машините и асфалтните камиони. Прашина има – но овојпат е од работа, не од заборав. Граѓаните паметат. 20 години сообраќаен застој не се бришат со едно соопштение и патетика пред камери. ВЛЕН ќе продолжи да ја турка изградбата на Коридор 8 и сите останати проекти што го поврзуваат западна Македонија. Времето на лажни стартови заврши, започна времето на вистински километри, вистински мостови и вистински економски развој.“