Реклама

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Прилози

Владина делегација во Минхен: Нови странски инвестиции, 100 милони евра во вештачка интелигенција и енергетика

Нови странски инвестиции, пакет од 100 милиони евра за вештачка интелигенција и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови странски инвестиции, пакет од 100 милиони евра за вештачка интелигенција и енергетика. Владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на 62-та Минхенска безбедносна конференцијата, според најавите ќе оствари голем број средби со влијателни политички фигури и моќници од светскиот бизнис. Уште пред стартот на конференцијата, владината делегација оствари средба со менаџметот на една од најмоќните германски компании Шварц Груп, на која се разговарало за инвестиции во Македонија во иднина.

-Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови „Lidl“ и „Kaufland“. Разговаравме за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и модернизација на трговскиот сектор во нашата земја, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Владиниот тим во Минхен оствари средба и со раководството на 4IG, третиот мобилен оператор кој треба да започне со работа во Македонија. Мицкоски на Фејсбук напиша  дека се разговрало за пакет од 100 милиони евра инвестиции, освен во телефонијата и во сферата на вештачката интелигенција и енергетиката.

Реклама

Порачува дека Македонија мора да се развива и се бореле за секоја шанса за подобра индина за граѓаните. Покрај тоа предвидено е премиерот и владиниот да се сретнат и со други економски гиганти, кои би помогнале за дополнителен раст на економијата, поголем број работни места, подобар животен стандард на луѓето.

-Ги отвораме вратите за домашните компании да ги пласираат своите производи во големите европски синџири. Продолжуваме да разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава!, напиша Мицкоски

Како што соопшти владината прес служба, во Минхен цврсто на ставот и ќе се бара предвидлив и фер процес на интерграција во ЕУ, без дополнилтени билатерални условувања. Мицкоски е придружуван од минситерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за внаттрешни работи Панче Тошковски.

Во рамки на конференцијата, шефот на Владата ќе оствари повеќе билатерални средби со европски лидери, високи претставници и раководители на меѓународни безбедносни институции.

На конференцијата ќе учествуваат повеќе од 1.000 делегати од над 115 земји, вклучувајќи 60 шефови на држави и Влади, како и и претставници на големи меѓународни организации.

Матеја Петровски